9 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGorenje: Ќе го намалиме долгот и ќе ги зголемиме приходите надвор од...

Gorenje: Ќе го намалиме долгот и ќе ги зголемиме приходите надвор од Европа

S

Надзорниот одбор на „Gorenje“ усвои стратешки план за групцијата за периодот од 2014 до 2018 година. За тој чекор се одлучија поради промената на многу околности.

„Една од клучните цели е намалувањето на долгот, така што односот меѓу нето финансискиот долг и добивката пред каматата, даноците и отписите нема да биде повеќе од три“, соопштија од „Gorenje“.

Групцијата планира дека „Gorenje“ повеќето свои приходи ќе ги оствари во Европа, а во исто време сакаат двојно да ги зголемат приходите на пазарот надвор од Европа, на околу 170 милиони евра во 2018 година.

Групацијата „Gorenje“ од 2010 година го зголемува уделот на основните производи и услуги за домаќинства во вкупните приходи.

На тој начин во 2018 година приходите од основните активности ќе изнесуваат повеќе од 90 проценти од сите приходи, а во 2012 година тој удел изнесуваше 85 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП