Во третиот квартал од 2024 година просечната месечна нето плата во Хрватска изнесувала 1.349 евра, што е за 3% повеќе во однос на претходниот квартал и дури 16% повеќе од истиот период минатата година, покажува истражувањето на услугата MojaPlaća.hr.
Медијалната плата е нешто помала и изнесува 1.255 евра, што значи дека повеќето работници земаат помала плата од наведениот просек. Во однос на последниот квартал, просечната плата пораснала за 5%, а во однос на истиот период лани за 18%. Споредено со последниот квартал и минатата година, се покажа дека најниските плати растат побрзо од највисоките. И покрај долгорочниот пад на побарувачката за работна сила во ИТ секторот, како и честите отпуштања во оваа индустрија, ИТ специјалистите остануваат најплатените работници во Хрватска. Најниски просечни плати во Хрватска се за текстилните работници (-33%, поточно 952 евра), вработените во услужните дејности (-29%, или 906 евра) и помошните занимања (-34%, поточно 893 евра).
Гледајќи ги професиите, без да се земат предвид хиерархиските позиции (менаџмент), највисока месечна плата во третиот квартал заработиле водечки дивилопери, пилоти и ИТ архитекти. Најслабо платени работници во Хрватска се фризери, шивачки и чистачки. Платите во приватните фирми во странска сопственост се за 3% повисоки од просекот и изнесуваат 1.383 евра. Најголем пораст на платите во однос на минатата година е забележан, како што се тврди, кај државните фирми и тоа дури 14%.
Но, платите на вработените во овие фирми и понатаму се под просекот, а нивните месечни примања во просек се околу 1.248 евра. Платите во приватните домашни фирми се за 7% под просекот и изнесуваат 1251 евро, што е за 10% повеќе од лани. Најниски плати и понатаму се на истокот од земјата: во Пожега-Славониските (-19%), Вуковар-Сремските (-21%) и Вировитско-Подравинските окрузи (-20%). Највисока просечна плата и натаму има Градот Загреб (4% над просекот) и изнесува 1.397 евра.
Работниците со долгогодишно работно искуство и повисоко ниво на образование имаат повисоки плати во споредба со оние со пократко искуство и пониско образование, покажа истражувањето. Вработените со диплома за постдипломски студии или бизнис школа (MBA) на тој начин имаат просечна плата за 42% повисока од просечната (1.917 евра). Лицата со високо образование имаат 7% поголема плата од просечната (1.518 евра). Од друга страна, оние со завршено средно образование имаат 1168 евра, 4% помалку од просекот. Исто така, анализата покажува дека работниците без искуство, кои се на почеток на кариерата, заработуваат 1050 евра (21% помалку од просекот). Највисока плата очекувано имаат вработените со над 10 години стаж – 1.416 евра или 5% повеќе од просечната. Во третиот квартал од 2024 година, мажите во просек заработувале дури 16% повеќе од жените.