22 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗСветска премиера на електричната „Skoda Elroq“ (ФОТО/ВИДЕО)

Светска премиера на електричната „Skoda Elroq“ (ФОТО/ВИДЕО)

По долго чекање, пристигна целосно електричната „Ѕkoda Elroq“.

Од Skoda велат дека „Elroq“ е најприфатливиот автомобил во својот сегмент (чини од околу 33.000 евра нагоре), кога ќе се земат предвид големината на батеријата и стандардната опрема.

Овој компактен SUV е електрична алтернатива на моделот „Karoq“, и е долг 4.488 mm, што го прави малку подолг од овој модел (98 mm) со подолго меѓуоскино растојание (127 mm).

Однадвор нема големи изненадувања – станува збор за компактен SUV кој ги следи трендовите започнати во некои претходни модели на „Ѕkoda“. Евентуално, би можеле да споменеме мали промени напред, со црна „лента“ меѓу светлата.

Внатрешноста е дизајнирана да ја одразува едноставноста, но да биде и пространа во исто време. Внатре, стандардно има 13-инчен централен инфозабавен дисплеј со нов интерфејс кој првпат беше виден во моделот „Enyaq“.

Тука е гласовниот асистент „Laura“, кој стана стандарден во групацијата „VW“, а животот на возачот е олеснет со мноштво детали „Simply Clever“ – ова вклучува чадор во вратата, кутии за патниците во задниот дел итн. Капацитетот на багажникот е 470 литри.

Почетниот модел, „Elroq 50“, има батерија од 55 kWh, а задниот мотор е добар за 170 ks и 310 Nm максимален вртежен момент. Ова е доволно за максимална брзина од 160 km/h и опсег од 375 km.

Понатаму, „Elroq 60“ има батерија од 63 kWh, автономија од 400 km и мотор од 204 ks со 310 Nm максимален вртежен момент. Неговата максимална брзина е иста како онаа на „Elroq 50“.

Најмоќната верзија, „Elroq 85“, има батерија од 82 kWh, а моторот развива 286 ks со 545 Nm максимален вртежен момент. Има максимална брзина од 180 km/h и домет од 581 km. Има и верзија 85x, со погон на сите тркала.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП