„UniCredit“ објави дека го зголеми својот удел во „Commerzbank“ на 21% и дека се обидува да го зголеми својот удел во германската банка на 29,9%, се вели во соопштението на италијанската банка. Купувањето е предмет на регулаторно одобрување.
Претходно овој месец, „UniCredit“ соопшти дека сега поседува 9% од „Commerzbank“, а половина од акциите доаѓаат од уделот на германската влада во банката.
Во своето соопштение „UniCredit“ наведуваат дека ги делат ставовите на ЕК дека иднината на европската економија зависи од посилна банкарска унија. Италијанската банка работи во Германија веќе 20 години, обезбедувајќи широк спектар на производи за своите клиенти, велат тие.
Германската влада е најголемиот акционер во „Commerzbank“, која инвестираше 18,2 милијарди евра за да ја спаси во 2008-ма година. Извори за „Reuters“ изминатиот викенд изјавија дека Берлин не планира да продава дополнителни акции во втората по големина банка во Германија, што предизвика пад на цената на акциите на „Commerzbank“ во утринското европско тргување. Сепак, загубите престанаа по соопштението на „UniCredit“.
При крајот на вчерачниот ден акциите на германската банка поскапеа за минимални 0,09% до 15,70 евра за акција.