8 мај, 2025
ПочетнаКОМПАНИИBlackRock инвестира 30 милијарди во развојот на вештачката интелигенција

BlackRock инвестира 30 милијарди во развојот на вештачката интелигенција

Американскиот инвестициски фонд BlackRock и технолошкиот гигант Microsoft планираат заеднички фонд од 30 милијарди долари за развој на вештачка интелигенција (AI).

Според Financial Times, Blackrock и Microsoft ќе соработуваат и со инвестициската компанија Em-G-X (MGX) поддржана од Абу Даби на овој проект.

Фондот BlackRock ќе се фокусира на изградба на центри за податоци и финансирање на енергетската инфраструктура за поддршка на вештачката интелигенција, пренесува TechCrunch.

Своја експертиза во развојот на целиот проект ќе придонесат и експерти од калифорниската компанија Nvidia, позната по производството на најнапредните полупроводници.

Центрите за податоци се градат со постојано зголемување ширум светот, а главниот финансиски директор на австралискиот рударски гигант BHP Вандита Пант неодамна изјави за FT дека поради овој тренд, глобалната побарувачка за бакар ќе се зголеми за 72 отсто до 2050.

Бакарот е клучен елемент за пренос на енергија и исто така се користи во системите за ладење и процесорите во центрите за податоци, објави порталот Oilprice.

„Уделот на центрите за податоци во светската побарувачка за бакар денес е помалку од еден процент, но се очекува да порасне на шест до седум проценти до 2050 година“, додаде Вандита Пант.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП