11 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГазпром прв на листата од руските компании

Газпром прв на листата од руските компании

gazprom2

Рускиот гигант „Газпром“ е прв на годишната листа од 40 водечки руски компании, а неговата вредност е проценета на 37,4 милијарди долари.

Истражувањето покажало дека „Газпром“ вреди речиси половина од останатите компании кои беа опфатени во истражувањето на консултантската куќа „Interbrend“ од Њујорк.

Во вредноста на „Газпром“ пресметан е и неговиот имот надвор од енергетскиот сектор, пренесува агенцијата Франс прес.

На врвот на листата се наоѓаат телекомуникациските компании „MTS“ и „Beline“, чија вредност е проценета на шест милијарди за секоја компанија.

Меѓу првите десет е и телекомуникациската компанија „Megafon“, потоа рударската компанија „Norilsk nikel“, државната банка „Sberbank“, нафтената компанија „TNK“ и „Lukoil“, пиварата „Baltika“ и нафтената компанија „Tatneft“.

Телеком компаниите сочинуваат 19 проценти од компаниите на листата од 40 најголеми компании, а потоа следат нафтените компании со удел од 11 проценти и компаниите од областа на металската индустрија со седум проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП