13 октомври, 2024
ПочетнаСВЕТСерија експлозии на пејџери во Либан - осум мртви, 2.750 повредени, повреден...

Серија експлозии на пејџери во Либан – осум мртви, 2.750 повредени, повреден и иранскиот амбасадор

Осум лица загинаа, а 2.750 се ранети во експлозија на пејџери, кои Хезболах ги користи за комуникација, на неколку локации во Бејрут и други делови на Либан. Повреден е и иранскиот амбасадор во Либан, јавува Ројтерс.

Жртвите на експлозиите се претежно членови на проиранскиот Хезболах. Во соопштението, таа милитантна група го обвини Израел за детонациите и наведе дека ќе биде „праведно казнет“.

Официјални лица изјавија дека лидерот на Хезболах, Хасан Насралах не е повреден во експлозиите.

Многумина се прашуваат зошто Хезболах во 2024 година користи пејџери.

Се чини дека групата го претпочита старомоден метод на комуникација токму поради фактот што не е најнова технологија. Лидерот на Хезболах, Хасан Насралах претходно ги предупреди членовите на групата да не носат мобилни телефони бидејќи Израел може да ги користи за да ги следи нивните движења.

Од друга страна, пејџерите во теорија не претставуваат таков проблем.

„Хезболах беше многу внимателен со своите комуникации, свесен дека разговорите на мобилните телефони може лесно да се хакираат и надгледуваат – пејџерите се сметаат за lo-fi алтернатива и се потешки за инфилтрација“, пишува „Скај њуз“.

Како дојде до голема саботажа во Либан

Експерт објасни дека можело да има можност Израел далечински да пристапил до уредите, поради што тие се прегревале и запалиле.

И како би можеле да експлодираат пејџерите воопшто? Според Џ. Андрес Ганона, исто така, изјави за Скај њуз дека може да постои можност Израел далечински да пристапил до уредите, поради што тие се прегреале и запалиле. Сепак, тој додава дека „батеријата за пејџер веројатно не може да се прегрее доволно брзо за да предизвика ваква штета“.

„Ако експлозиите се случиле речиси истовремено, поверојатно е дека е употребена далечинска детонација на поставена експлозивна направа. Спротивно на тоа, објаснува Ганон, „ако експлозиите беа распоредени на подолги интервали, тоа може да укаже на различна форма на далечински електронски напад“.

Овој напад можел да се планира со месеци или години, според професорот. Тој, исто така, истакна дека ова е напад што најверојатно ќе го спречи Хезболах да користи пејџери, но тактиката веројатно нема повторно да се користи. „Мислам дека имаше некаков итен случај што ги натера да помислат дека мораат да го искористат својот „трик“ токму сега, или дека целта беше да се нарушат комуникациите и да се принуди Хезболах повторно да планира“, заклучи тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП