Овен (21.03 – 20.04)
Ако се занимавате со пишување можно е да имате потреба да се осамите и да го искористите напливот на инспирација. Слободните ги очекува средба со некоја личност од минатото. Сознанијата до кои ќе дојдете ќе ве направат горди. Не дозволувајте емоциите да надвладеат и да ви го нарушат мирот во којшто се наоѓате.
Бик (21.04 – 21.05)
Ќе имате потреба да се покажете во полн сјај и да доминирате како во домот така и во средината во која се движите. Бидете внимателни и не дозволувајте да ве понесе еуфоријата. Задоволствата можат да го нарушат вашиот буџет и следните денови ќе морате да штедите повеќе од вообичаеното.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Во изминатиот период направивте многу работи поради кои се чувствувате гордо. Ако се занимавате со издаваштво или пишување, можно е признание кое ќе ве направи многу горди. Средбата со една личност родена во огнен знак може да ви го смени, не само статусот, туку и животот.
Рак (22.06 – 22.07)
Вниманието што ќе го добиете ќе ве натера да се чувствувате како центар на светот. Имате потреба да отидете на некое ексклузивно место каде што ќе бидете видени и ќе можете да уживате, а тоа чини скапо. Доколку сте во брак, пред да направите каков било аранжман, консултирајте се со партнерот. Тој не е подготвен да ве следи во вашите лудории.
Лав (23.07 – 22.08)
Ќе имате низа на средби кои ќе бидат многу значајни за следниот период. Ќе бидете опкружени со внимание и ќе се чувствувате гордо. Вие не сакате да се издигате над опкружувањето и секогаш сакате да ја покажете вашата скромна страна. Одлично постапувате со пријателите и партнерот.
Девица (23.08 – 22.09)
Имате големи планови за иднина и успешно го трасирате патот кон успехот. Работата е само едно од скалилата по кои се искачувате за да ги постигнете вашите цели. Овој ден ќе бидете исполнет со позитивни емоции. Ќе чувствувате голема потреба од љубов и желба некому да му покажете колку ви значи.
Вага (23.09 – 22.10)
Ќе бидете во центар на вниманието и ќе се чувствувате гордо. Меѓутоа, успехот што ќе го постигнете меѓу пријателите и роднините може да го наруши еден семеен проблем. Некои работи кои останале неразрешени во изминатиот период, повторно ќе испливаат на површина. Не дозволувајте да бидете замешани и да преземете улога на судија.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Овој ден ќе сакате да му угодите и да му посветите поголемо внимание на партнерот. Не претерувајте затоа што ќе помисли дека нешто криете. Ако сте слободни, во едно интересно друштво ќе имате можност да сретнете нова личност родена во воден знак.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Премногу сте одговорни и не си дозволувате ни малку забава. Потребата за работа доминира над потребата за одмор и не можете да се опуштите. Успехот што го постигнавте може да биде заматен од приговорите на партнерот. Тој се чувствува заробено во вашиот свет на обврски.
Јарец (22.12 – 20.01)
Вашите потреби се секогаш екстремни. Или сте премногу скромни, со екстремно мали потреби или имате преголеми желби кои морате да ги остварите, па ако треба и ќе банкротирате. Овој ден вашите потреби ќе бидат многу над вашите можности. Ќе имате помешани чувства.
Водолија (21.01 – 19.02)
Во изминатите месеци се чувствувавте ограничени и не бевте во состојба да се опуштите. Овие денови е можна средба со личност од која очекувате голема помош. Слободните ќе бидат во центарот на вниманието кај спротивниот пол.
Риби (20.02 – 20.03)
Трката за подобар живот и потребата да го постигнете статусот кој сметате дека ви припаѓа ве истошти и имате потреба од одмор. Но, не каков било одмор. Вие сакате нешто каде што ќе можете да заблескате и да бидете во центар на вниманието. Не дозволувајте партнерот да ви ја наруши самодовербата. Изборете се за своето право да уживате на начин каков што ви одговара.