3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСе подготвува чистка во Челзи

Се подготвува чистка во Челзи

Chelsea v Singha Thailand All-Star XI

Менаџерот на Челзи, Жозе Мурињо подготвува сериозна чистка во тимот во јануарскиот преоден рок. Според одредени медиуми на Островот, „Специјалниот“ кренал раце од Хуан Мата, Гери Кејхил, Кевин де Бруин, Цезар Аспиликуета, Џон Оби Микел, Демба Ба и Рајан Бертранд.

За повеќето од овие играчи има интерес, па затоа на раководството на Челзи нема да му претставува проблем да се раздели со нив.

Наполи и Атлетико Мадрид внимателно ја следат ситуацијата околу Мата, а пак неколку екипи од Германија го сакаат Де Бруин. Арсенал покажа сериозен интерес за услугите на Демба Ба, а со сигурност се очекува и останатите играчи од оваа група да најдат клуб во кој ќе ја продолжат кариерата.

„Многу од играчите се во ист брод и не се чувствуваат сигурни за својата иднина во клубот. Се чини дека Жозе не е задоволен од тоа со што располага и е решен да направи многу промени во текот на зимата“, тврди извор од „Стемфорд Бриџ“.

Сепак останува да се види, какви чекори ќе превземе Жозе Мурињо во зимскиот преоден рок, кој ќе замине или пристигне на „Стемфорд Бриџ“ ќе биде познато во јануари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП