19 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрофитот на Goodyear се зголеми за 51 процент

Профитот на Goodyear се зголеми за 51 процент

goodyear1

Американскиот производител на автомобилски гуми „Goodyear“ во третиот квартал оствари профит од 166 милиони долари, или 62 центи за акција, што е за 51 процент повеќе во однос на истиот период минатата година, се вели во соопштението на таа компанија.

Кога ќе се исклучат вонредните ставки, профитот по акција изнесува 68 центи, додека аналитичарите во просек очекуваа 67 центи, пренесува францускиот весник Капитал.

Во споменатиот квартал, овој трет по големина производител на гуми, зад јапонскиот „Bridgestone“ и францускиот „Michelin“, оствари приходи од пет милијарди долари, што е пад од шест проценти на годишно ниво, додека аналитичарите очекуваа приходи во вредност од 5,27 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП