19 април, 2025
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Xiaomi“ ги следи стапките на „Huawei“

„Xiaomi“ ги следи стапките на „Huawei“

По „Huawei“, уште еден кинески гигант развива сопствен телефон на тројно преклопување.

„Huawei“ не е единствениот производител кој развива телефон со преклопување на три пати. Свиркачот тврди дека и „Xiaomi“ е во напредна фаза на развој на таков производ.

Изворот на оваа информација е угледен, па иако тој не понуди цврсти докази, има причини да му верувате.

Според изворот, новиот уред ќе биде дел од линијата „Mix“, а телефонот (или барем неговиот прототип) ќе го видиме во февруари 2025-та година, за време на Светскиот конгрес за мобилни телефони.

Од друга страна, тројниот телефон на „Huawei“ ќе има „Z“-преклопен формат, а извршниот директор на компанијата ветува дека ќе пристигне во септември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП