4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИPSA затвори фабрика во близина на Париз

PSA затвори фабрика во близина на Париз

aulnaj

Компанијата „PSA Peugeot Citroen“ беше принудена да ја затвори фабриката во местото Аулнај во близина на Париз во која се произведуваа моделите на „Citroen“. „Citroen C3“ беше последниот модел кој ја напушти производната лента во оваа фабрика во која во еден момент беа вработени 3300 работници.

Отткако „Peugeot“ најави дека има во план да ја затвори оваа фабрика која работи дури 40 години, нејзиното производство драстично опадна поради штрајкот на работниците. Последниот „Citroen C3“ кој ја напушти оваа фабрика беше 8.568.391 автомобил кој е произведен во овие погони.

Затворањето на оваа фабрика нема да биде само единствено, поради тоа што европските производители ги намалуваат производните капацитети во обид да го зголемат профитот во момент кога паѓа продажбата на возила.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП