
Овен (21.03 – 20.04)
Имајте на ум дека сите моментални проблеми можат да се решат во присуство на блиска личност, не потпирајте се само на себе. Конечно, желбата за долгоочекуваниот повик од некоја личност ќе ви стане реалност. Можно е да ве покани на кафе.

Бик (21.04 – 21.05)
Понекогаш не е лесно да се оствари некаков договор, па затоа внимавајте кои зборови ги користите во друштво на вашите соработници. По завршувањето на работното време можете да се опуштите со вкусен ручек со вашата сакана личност.

Близнаци (22.05 – 22.06)
Постојат соработници кои немаат доволно слух за вашите идеи, но не возбудувајте се премногу. Трпеливо чекајте да се смират негативните страсти. Немојте непотребно да го иритирате вашиот партнер, бидејќи тоа ќе донесе спротивен ефект во врската.

Рак (22.06 – 22.07)
Ве очекува емоционален повик од некој близок пријател, кој има многу грижи. Излезете му во пресрет и поканете го на ручек, после завршувањето на работното време. Што се однесува на љубовта, бидете внимателни, не верувајте им премногу на додворувачите.

Лав (23.07 – 22.08)
Можеби во последен период се чувствувате напнато и отсутно, но денес направете некоја промена. Дадете се од себе во исполнувањето на дадените обврски и направете листа на работи кои би сакале да ги направите. Наградите кои ќе ги добиете за сработеното нека бидат ваша мотивација.

Девица (23.08 – 22.09)
Вашата интуиција денес ќе биде на највисоко ниво, затоа, слушајте го вашиот внатрешен глас. Можни се и промени, како во однесувањето, така и во изгледот. Ќе бидете хиперактивни и постојано ќе сакате да правите нешто.

Вага (23.09 – 22.10)
Овој ден може да се почувствувате депресивни и осамени, а желбата за спиење непрестано да ви расте. Исто така, вашите обврски на работа ќе бидат зголемени, но не грижете се, ќе бидете пофалени и нагреадени за макотрпната работа.

Шкорпија (23.10 – 21.11)
Толку многу возбудливи работи ќе ви се случуваат, што постојано ќе бидете насмеани и ќе ширите позитивна енергија. Во моментов, вашата кариера е во преден план и имате голема шанса за унапредување. Зграбете ги можностите и докажете се.

Стрелец (22.11 – 21.12)
Она што ви треба е дефинитивно малку одмор од секојдневните обврски. Дозволете патувачкиот дух повторно да ве обземе и да ви донесе среќа. Бидете трпеливи и се ќе дојде на свое место. Кон крајот на денот, ве очекуваат компликации во врската кои не ги очекувавте.

Јарец (22.12 – 20.01)
Во последно време сте чудни, бидејќи не спиете доволно. Затоа вашиот замор се одразува на работата и на односот кон вашите колеги. Почнете да живеете здраво и вежбајте повеќе. Исто така, преиспитајте го начинот на кој се исхранувате.

Водолија (21.01 – 19.02)
Искажете ја вашата креативност преку талентите кои ги поседувате. Би било добро доколку почнете да јадете здрава храна. Прекумерното консумирање на шеќер му штети на вашето здравје. Посветете му време и на приватниот живот, не го запоставувајте.

Риби (20.02 – 20.03)
Престанете толку да се грижите во врска со работата и наместо тоа, отидете една вечер некаде со пријателите и забавувајте се. Време е за промени, па можеби оној кој ви се допаѓа изминатиов месец ќе ве изненади и ќе го направи првиот чекор.