24 април, 2025
ПочетнаЗДРАВЈЕНаучници од Харвард: Јадете ја оваа храна за појадок, го намалува холестеролот

Научници од Харвард: Јадете ја оваа храна за појадок, го намалува холестеролот

Високиот холестерол може да предизвика голем број здравствени проблеми со висок ризик, како што се срцев удар и мозочен удар. Освен со лекови, еден од начините на кои може да се контролира холестеролот е и преку исхраната. Научниците од Медицинскиот факултет Харвард открија кои четири видови храна треба да јадат за појадок луѓето кои страдаат од оваа состојба за да го намалат нивото на холестерол.

Како што пренесува британски Експрес, на листата на одвоени намирници се наоѓаат: овес, грав, одредени овошја и храна збогатена со стероли и станоли.

Во нивното истражување, тие откриле дека зголемувањето на внесот на растворливи влакна може да помогне да се намали еден вид холестерол наречен липопротеин со ниска густина, исто така познат како „лош“ холестерол. Понатаму, тие објаснија дека растворливите влакна можат да го „врзат“ холестеролот во дигестивниот систем и да го отстранат од телото.

Зошто овие намирници се добри за консумирање?

Според Harvard Health Publishing, „лесниот прв чекор за намалување на холестеролот е да појадувате чаша овесна каша или ладна житарка на база на овес“, пренесува Express. Овој оброк ќе обезбеди еден до два грама растворливи влакна.

Покрај научниците од Харвард, со придобивките од овесот се согласуваат и експерти од клиниката Мајо, кои истакнуваат дека „овесната каша има растворливи влакна кои го намалуваат холестеролот со липопротеини со мала густина“.

Како и овесот, и гравот е особено богат со растворливи влакна, а научниците од Харвард истакнуваат дека на телото му треба малку време да го свари гравот, што значи дека ќе останете сити подолго време после оброк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП