10 ноември, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКако до убава, здрава и сјајна коса?

Како до убава, здрава и сјајна коса?

negakosa1

Косата е едно од првите нешта што го забележуваме кај луѓето кога ги гледаме за прв пат. Тоа особено важи за жените. Убавата сјајна коса секогаш привлекува погледи и остава добар впечаток, но истото не може да се каже и за оштетената коса. Дури ни најдобрата фризура не може да ја прикрие запоставената оштетена коса.

Негата на косата не се состои само во купување на убав шампон и регенератор и редовно миење. За да имате убава, здрава, цврста и сјајна коса, потребно е да знаете како да се грижите за вашата коса секојдневно.

1. Потстрижувајте ја редовно

Редовното потстрижување ќе ви помогне да и дадете сјај и блесок на косата по целата должина.

2. Употребувајте соодветен шампон

Многу е важно да користите шампон наменет за вашиот тип на коса. Ако немате никаков проблем (мрсна, сува коса), тогаш најдобро е да користите нежен бебешки шампон.

3. Користете регенератор

Употребата на регенераторот ја прави косата помека и полесна за чешлање.

4. Никогаш не ја чешлајте косата додека е влажна

Пред да влезете да се туширате, исчешлајте ја косата. Тргањето со чешелот лесно го кине влакното. Никогаш не си легнувајте со влажна коса, затоа што во спиењето косата се трие и тоа ќе предизвика оштетување.

5. Внесувајте доволно витамини и минерали

Храната што ја консумирате има огромно влијание врз изгледот на косата. Недостатокот на некои витамини и минерали води до оштетување и дури до опаѓање на косата.

6. Внимавајте што ставате во устата

Најдобрите храни за здрава и цврста коса се: јајцата, млекото и млечните продукти, рибата, јаткастите плодови, морковите, темнозелените листести зеленчуци, мешунките и зрнестите храни.

7. Избегнувајте ја употребата на фен, преса или фигаро.

Кога и да имате можност да ја избегнете употребата на фен, направете го тоа. Оставете ја косата да се исуши природно. Ако морате да искористите фен, држете го подалеку од косата. Пресата за коса и фигарото директно влијаат со својата топлина. Користете ги што поретко.

8. Бојадисувањето сведете го на минимум.

Користете боја за коса колку што можете поретко. Бојадисаната коса полесно се суши и и е потребна дополнителна нега.

9. Ставајте си маска за коса.

Маските за коса и ја враќаат природната влажност на косата. Негувајте ја вашата коса со големиот број на маски кои комплетно ќе ја обноват.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП