Развојот траеше цели три години, а епилогот е болид побрз од Формула 1.
Неговата ознака е „RB17“, а зад овој автомобил стои познатиот дизајнер Адријан Њуи. Овој автомобил тежи само 900 килограми и користи хибриден погон, во чиешто срце е атмосферскиот 4,5-литарски V10 мотор.
Според првите симулации, со максимални 1.200 ks ќе ја обиколува патеката Силверстоун побрзо од Формула 1.
„RB17“ сè уште не е целосно завршен. На патеката треба да пристигне во 2025-та година, а потоа ќе започне производството.
Ќе се направат само 50, а сите наводно веќе го пронашле патот до нивните идни сопственици.
Со оглед на тоа што може да понуди овој автомобил, лесно е да се поверува дека цената од 5 милиони фунти не влијаела на ничија конечна одлука за купување. Многу поверојатно е дека тука владееле врските и брзата реакција.
Прототипот беше претставен на Гудвуд и сериската верзија ќе изгледа идентично. Овој нереален „спортист“ со возење „Cosworth“ ќе може да излезе на пат по одредени модификации.
Но, имајќи предвид дека тоа е суперлесен автомобил со извонредна аеродинамика чиј мотор е среќен да „врти“ до 15.000 вртежи во минута, се сомневаме дека некогаш ќе излезе од патеката.