Уживањето во летните радости лесно може да биде прекинато со убод од еж или опекотини од медуза, кои се сè почести во Јадранското Море.
Медузите се познати по пипалата, а некои имаат отров во нив што ја прави изгореницата многу болна.
Иако повеќето такви опекотини може да се третираат со плакнење со топла вода за да се намали чувството на печење, понекогаш е подобро да побарате лекарска помош за да бидете безбедни. Доколку ви се чини дека опекотината не е толку страшна, но сепак малку пецка, можете да побарате помош и во кујната.
Еве неколку намирници кои сигурно ги имате во вашата кујна за да го олеснат чувството на печење.
Чај од камилица
Покрај топлата вода, болката и воспалението ќе ги ублажи и топол чај од камилица, бидејки има антивоспалителни својства.
На секои неколку часа ставете топла облога од чај на опекотината или потопете ја изгореницата во леген исполнет со топла вода со неколку кесички чај.
Јаболков оцет
Јаболковиот оцет помага при сите видови убоди од медуза бидејќи ја ублажува токсичната реакција. Едноставно изгорениците натопете ги со јаболков оцет или изгорениот дел од кожата потопете го во леген во кој сте полиле оцет со 5 проценти оцетна киселина и држете го така најмалку 30 секунди.
Сода бикарбона
Друга храна која ќе го ублажи чувството на печење и ќе ги отстрани токсините од кожата е сода бикарбона, или паста од сода бикарбона. Измешајте сода со вода и направете густа паста, која потоа нежно намачкајте ја на местото на опекотината. Повторувајте го ова на секои 15 минути додека не почувствувате олеснување.