10 мај, 2025
ПочетнаКОМПАНИИMicrosoft: Нето добивката во третиот квартал е зголемена за 17 проценти

Microsoft: Нето добивката во третиот квартал е зголемена за 17 проценти

M

Приходите на „Microsoft“ во третиот квартал се зголемени за 16 проценти, на 13,4 милијарди евра, а нето добивката е зголемена за 17 проценти, на 3,8 милијарди евра.

„Microsoft“ приходите од рекламирањето ги зголеми речиси за една половина, а приходите од „cloud computing“ се двојно зголемени.

Но, станува збор за  деловни сегменти кои имаат скромен удел во рамките на портфолиото на „Microsoft“, така што ќе биде потребно уште некое време нивниот брз раст повеќе да придонесе за деловните резултати на корпорацијата.

Во меѓувреме, „Microsoft“ својата најнова генерација на таблет компјутери во која се вклучени „Surface 2“ и „Surface 2 Pro“ од почетокот на оваа недела ќе ги продава во 21 земја. Останатите земји во кои сеуште се продава старата генерација ќе мора малку да почекаат.

„Microsoft“ одлучи да ги испразни и магацините, така што ќе ги награди потенцијалните купувачи во САД и Канада со попуст од 100 долари за старата генерација на „Surface Pro“ моделот. Се претпоставува дека акцијата ќе трае до 31 декември или до исцрпувањето на количините.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП