
Овен (21.03 – 20.04)
Се можете да постигнете кога се наоѓате во центар на главните случувања. Успехот ви е на дофат на рака, направете се што е потребно да остварите професионлален и личен максимум во различните правци. Намалете ги нервозите.

Бик (21.04 – 21.05)
Вешто ги користите своите способности во различни ситуации и не се откажувате од своите деловни визии. Успехот е на ваша страна се додека имате јасна претстава што и колку сакате. Подготвени сте да направите речиси се за својот партнер.

Близнаци (22.05 – 22.06)
Во желба да остварите исклучителни резултати, се согласувате на извесна импровизација. Понекогаш без поголем ризик нема ни успех. Ќе се покаже дека имате добра деловна проценка и решенија. Избегнувајте ги емотивните контрасти во реакциите.

Рак (22.06 – 22.07)
Важно ви е да бидете забележани на ралични страни и во тоа смисла ги користите своите најсилни адути со кои располагате. Големите амбиции понекогаш донесувааат низа нови предности и позитивна доминација во однос на соработниците. На партнертот не му оставате многу простор за слободен избор.

Лав (23.07 – 22.08)
Уморни сте од работата но сфаќате и сами дека ова е добар период за создавање и заработка. Го подобрувате односот со партнерот, завртувате нов лист. Внесете хармонија во семејното дружење. Чувајте се од можни скршеници и повреди.

Девица (23.08 – 22.09)
Сакате да го промените работното место. Се опуштате во домот и пронаоѓате начини да го направите уште попријатно и поудобно. Романтичните средби со партнерот ќе ве расположат. Добрата здравствена ситуација влијае добро и на вашето расположение.

Вага (23.09 – 22.10)
Сакате по секоја цена да бидете во центар на внимание. Потребата да бидете сегде забележани и доминантни е многу изразена и ќе успеете да ја исполните, но немојте да се обидувате да доминирате во својот дом, семејството нема да го прифати тоа. Чувствителни ви се очите и видот.

Шкорпија (23.10 – 21.11)
Роковите ви поминуваат, а вие стоите во место. Ако работите хонорарно, можна е исплата на помала сума. Партнерот се однесува како работите сами по себе да се разбираат и не се труди околу вас. Тоа ви пречи и денес ќе направите напор да го убедите да го смени однесувањето.

Стрелец (22.11 – 21.12)
Не сакате повеќе ниту еден момент да ги трпите проблемите на работа. Односот со партнерот ќе биде полн со префрлување. Доколку сте слободни, би можеле одеднаш да добиете понуда за брак, која може да ви биде многу примамлива. Применете некаков вид на релаксација.

Јарец (22.12 – 20.01)
Јасно ви е дека во некои важни ситуации немате доволно влијание на развојот на деловните случувања. Побарајте нечија поддршка или добар совет, постојат решенија кои ќе донесат компромис. Размената на идеи и тимската работа секогаш потенцијално носат подобри резултати.

Водолија (21.01 – 19.02)
Во склад со претходното искуство, сега го менувате својот стил или деловната стратегија во однос на околината. Имате значителна предност во однос на соработниците и ништо не му препуштате на случајот. Важно е да останете доследни во своите цели.

Риби (20.02 – 20.03)
Подготвени сте на на професионално докажување под различни услови. Обратет