2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИTwitter вреди 11 милијарди долари

Twitter вреди 11 милијарди долари

tit

„Twitter“ планира цената на нивните акции да се движи помеѓу 17 и 20 долари за акција, соопштија од компанијата.

Оваа друштвена мрежа ќе предложи 70 милиони акции, што значи дека компанијата ќе се обиде да собере околу 1.4 милијарди долари од примарната јавна понуда. Кај цената на акциите од 20 долари се очекува пазарната проценка на компанијата да биде 10.9 милијарди долари.

За споредба капитализацијата на „Facebook“ според последните податоци изнесува 127.7 милијарди долари, а на „LinkedIn“  27 милијарди долари. Од компанијата не го објавија датумот кога акциите ќе се појават на берзата, но според запознаените, трговијата со акциите ќе започне на 7 ноември (четврток).

„Twitter“ ќе се тргува на „New York Stock Exchange“ под симбол „TWTR“. Инвеститорите треба да се внимателни, затоа што со сличен код ( TWTRQ ) е банкротираната компанија „Tweeter Home Entertainment Group Inc“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП