Во 2023-та година, 46% од трговијата на стоки на ЕУ со земји кои не се членки на ЕУ беше во евра, а 42% во американски долари. Европските валути освен еврото имаат учество од 2%, а другите валути – 10%, покажуваат најновите податоци на Евростат.
Еврото е најчесто користена валута во извозот (52%), додека доларот има учество од 32%. 14% од трансакциите се направени во други валути, додека 3% – во европски валути различни од еврото.
Во 19 земји-членки, еврото е доминантниот избор за плаќање за извозот во земјите кои не се членки на ЕУ, со најголем удел забележан во Словенија (90%), Хрватска (82%) и Латвија (78%).

Во 6 земји од ЕУ, доларот преовладуваше во извозот, меѓу кои учество од над 50% е забележано во Кипар (76%), Ирска (65%), Грција (54%).
Валутите на ЕУ освен еврото имаат најголем удел во Шведска и Данска со 50% и 28% соодветно, што главно се должи на употребата на нивната национална валута.
Доларот се претпочита при увоз на стоки во 2023-та година со учество од над 50%, по што следи еврото (41%). Валутите на земјите-членки, освен еврото, се користени во 1% од случаите, а други валути во 7%.
Во 2023-та година, доларот беше најкористената валута за увоз на стоки надвор од ЕУ во 16 од 27 земји-членки, со најголем удел забележан во Финска (67%), Грција, Полска и Литванија (64% и во сите три).

Во преостанатите 11 земји на ЕУ, еврото е најупотребувана валута за увоз, а најголемо учество е забележано во трговијата во Словенија (77%), Хрватска (70%) и Словачка (60%).
Најголем дел од валутите на земјите-членки, освен еврото, има во трговијата со Чешка (24%) и Данска (13%).