2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФИФА покрена дисциплинска постапка против Англија и Полска

ФИФА покрена дисциплинска постапка против Англија и Полска

FIFA

Светската фудбалска организација (ФИФА) денеска покрена дисциплинска постапка против фудбалските сојузи на Англија и на Полска поради инцидентите на нивниот дуел во квалификациите за Светското првенство 2014.

На дуелот одигран на 15 октомври на стадионот „Вембли“ во Лондон, Англија победи со 2:0, а во текот на натпреварот гостинските навивачи употребуваа факели и други забранети пиротехнички средства.

– Започната е дисциплинска постапка против англиската и полската фудбалска федерација поради инцидентите на меѓусебниот квалификациски натпревар, стои во кусото образложение од ФИФА.

Постапката се случува во време кога Националниот сојуз на Англија прославува 150 години од
формирањето, јубилеј кој утре ќе биде одбележан на пригоден начин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП