26 јуни, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕТоплотниот удар е опасна состојба која тивко се прикрадува. Препознајте ги раните...

Топлотниот удар е опасна состојба која тивко се прикрадува. Препознајте ги раните знаци

Овие денови ќе бидат особено топли, а таквите услови може да не изложат на дехидрација и топлотен удар, состојби опасни по живот.

Лекарот по семејна медицина Јуха Хеино за финскиот портал Ilta-Sanom објасни дека дехидрацијата може да се развие подмолно. Првите симптоми може да бидат губење на апетит, слабост, гадење, дијареа и конфузија.

“Дехидрацијата која полека се развива го ослабува потењето. Ова е опасно бидејќи задачата на потењето е да го олади телото. Кога телото е дехидрирано, веќе нема доволно течност за потење. Резултатот е сува кожа”, објасни др. Хеино.

Нетретираната дехидрација е проследена прво со топлотна исцрпеност, а во најлош случај топлотен удар. Топлотната исцрпеност се карактеризира со слабост, силна жед и главоболка. Поблагите форми се третираат со пиење вода и преместување на поладно и засенчено место.

“Како што ситуацијата се влошува, телото повеќе не може да се лади и температурата на телото може да се искачи на над 40 степени. Симптомите може да вклучуваат гадење, плитко дишење и конфузија. Пулсот може да биде слаб. Покрај тоа, кожата може да биде сува и црвена Во најлош случај, топлотниот удар може да доведе до бесвест“, додаде докторот.

Кога се сомневате во топлотен удар кај себе или кај некој друг, веднаш повикајте брза помош бидејќи тоа е ситуација опасна по живот.

Пијте вода, но не претерувајте

Со помош на еден метод лесно може да се следи дали телото е доволно хидрирано. Д-р Ана-Мари Хекала им кажува на луѓето да го погледнат изгледот на нивната урина.

„Доколку е мала и темна боја, треба да се оладите и да пиете вода“, рече таа.

Сепак, имајте на ум дека не треба да претерувате ниту со водата, бидејќи нејзиното прекумерно внесување може да доведе до хипонатремија, односно труење со вода. За среќа, ова е прилично ретка состојба.

Според лекарите, жедта е добро мерило за основните потреби за течности. Американската национална академија на науките, инженерството и медицината утврдила дека адекватен дневен внес на течности е 3,7 литри дневно за мажи и 2,7 литри дневно за жени. Сепак, треба да се има предвид дека ова се однесува на вкупниот внес на течности, кој вклучува вода, но и други пијалоци, како и храна која содржи вода, како овошје и зеленчук. Дневната потреба за течност за време на горештините се зголемува во просек за еден литар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП