Apple објави нова листа на уреди за кои ја прекинува поддршката. Меѓу нив беа iPhone 5S, 21,5″ iMac и шестата генерација на iPod Touch плеер.
Седмата генерација на iPhone беше лансирана во 2013 година како надградба на моделот iPhone 5. Наречен iPhone 5S, телефонот имаше дисплеј со дијагонала од 4 инчи, како и новитет – сензор за отпечатоци. Apple исто така го рекламираше овој телефон како двојно помоќен од неговиот претходник.
iPhone 5, iPhone 6, 6S и 6S Plus се уште остануваат на т.н „винтиџ“ листи. Тоа значи дека овие производи, иако се прекинати, сепак може да се сервисираат. Од друга страна, застарените производи ги вклучуваат оние чие производство престанало пред најмалку седум години и за кои веќе не постои можност за сервисирање во услугите на Apple.
Шестата генерација на iPod Touch беше претставена во 2015 година, а целата линија на овие производи беше прекината во 2022 година. На крајот на 2015 година се појави и iMac од 21,5 инчи.
Најстарите модели на iPhone кои денес можат да сметаат на ажурирања се втората генерација на iPhone SE, како и iPhone X или понови телефони. Тие имаат пристап до iOS 17 верзијата на оперативниот систем. Моделот iPhone 5S може да се памети по тоа што дојде во време кога Apple (сеуште) го подобруваше постоечкиот модел (и го прогласуваше за таков), наместо секоја година да претставува „нов“ модел, со минимални подобрувања во однос на неговиот претходник.