23 јуни, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 11.06.2024

Дневен хороскоп 11.06.2024

Овен (21.03 – 20.04)

Не сакате да ја видите реалноста, постојано лутате во вашиот измислен розов свет, а тоа скапо ќе ве чини. Во денешниот ден обидете се да ги избегнете квагите и да ја поправите ситуацијата со некој поранешен пријател. На работа обврските ќе ве надвладеат, па ќе немате слободно време за жалење.

Бик (21.04 – 21.05)

Ќе имате зголемен број на обврски кои успешно ќе ги решите. Сакате искрено да разговарате со вашиот надреден со цел да извлечете поголема плата или напредување, но тој денес нема да има време за вас. Не се лутете обидете се повторно утре. Следува позитивен развој на настаните.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Денешниот ден ќе ви донесе некоја прекрасна вест и голема радост. Ќе уживате во секој момент. Ќе сакате убавите вести да ги споделите со сите, а тоа ќе ја развесели и вашата блиска околина. Уживајте во убавите моменти, но не го заборавајте и партнерот.

Рак (22.06 – 22.07)

Играте две игри, па најверојатно ќе се изгорите. Ќе се најдете во средина на проблемите, овој ден за вас е неповолен, па затоа премолчете и не ги оправдувајте вашите постапки. Можно е финансиски да колабирате, смислете план за понатака.

Лав (23.07 – 22.08)

Се грижите дали околината ќе ги сфати вашите размислувања, но потребно е да научите дека не треба да ви биде важно мислењето на секој. Не се оптеретувајте со исказите на некое лице кое има спротивно мислење од вашето. Во поладневните часови овозможете си квалитетен одмор.

Девица (23.08 – 22.09)

Денес ќе бидете нервозни поради неможноста да завршите некои планирани работи. Но нервозата може само да ви одмогне. Најдобро е да побарате помош од блиските, не се срамете да кажете дека не можете се да постигнете сами. Во вечерните часови ќе се слушнете со некоја драга личност од минатото.

Вага (23.09 – 22.10)

Се наоѓате на раскрсница, од едната страна ви е поставена работата и големиот број на обврски, а од другата страна е партнерот. Внимаваје како ќе постапите, можно е да ја загубите поддршката и љубовта од партнерот. Периодот е тежок но следи разведрување на ситуацијата.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Денешниот ден за вас ќе биде убав и среќен, ќе зрачите со разбирање и позитивна енергија. Никој од вашата околина нема да штеди на пофалните зборови упатени кон вас. Ќе имате мали и ситни обврски кои лесно ќе ги завршите.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Постојано се чувствувате навредени и лути, па потребно е да расчистите сами со себе. Секој упатен збор кон вас го сфаќате како навреда, а тоа ви одмага и не ви дозволува да напредувате. Намалете го песимизмот, не е се така црно.

Јарец (22.12 – 20.01)

Во денешниот ден ќе се обидете да ги преземате туѓите нешта и да се китите со туѓи награди. Но некој сериозно ќе ве спушти на земјата. Тоа најверојантно и сте го заслужиле бидејќи ги поминавте границите на толеранција кај блиските лица и соработниците. Не се жалете, сами сте виновни.

Водолија (21.01 – 19.02)

Денес ќе бидете ангажирани на повеќе страни одеднаш, а тоа максимално ќе ве исцрпи. Потребно е да водите повеќе грижа за вашето здравје, а тоа најдобро ќе го направите преку умерената и поздрава храна. Можни се проблеми со лицата на работа, особено со оние на кои сте им надредени.

Риби (20.02 – 20.03)

Сакате да извршите пет задачи одеднаш, а всушност сите ќе ги завршите до половина. Денес креативноста и продуктивноста ви се слаба страна. Не ги осудувајте колегите за задачите во кои учествувате и вие. Некој проблем од минатото повторно ќе се појави пред вашата врата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП