
Овен (21.03 – 20.04)
Барате нечија помош во решавање на работните или имотните проблеми. Ги разгледувате повторно чекорите кои претходно сте ги елиминирале. Шансите постојат таму каде што најмалку се надевате. Можноста за нова романтична врска е поизразена секој ден. Повеќе време минувате надвор, но внимавајте на јакото сонце.

Бик (21.04 – 21.05)
Доброто набљудување и одличната концетрација Ви помагаа да ги реализирате вашите цели. Важно е да ја поттикнете креативноста. Ве очекува мала парична добивка и можност за обновување на одредени бизнис договори. Сите ваши проблеми потекнуваат од главата. Преполовете ја дневната доза на цигари, но и кафе и се ќе биде во ред.

Близнаци (22.05 – 22.06)
Прифативте премногу обврски, кои почнуваат да ве заморуваат. Со партнерот ги споделувате проблемите. Тој е единствениот кој може да го поднесе вашиот карактер. Машките припадници на знакот се сериозно заинтересирани за една колешка. Проблемите со срцето се последица на прекумерната тензија и нервозите. Во одличен период сте, здравјето нема да Ви прави проблеми.

Рак (22.06 – 22.07)
Одлучете се за опција која овозможува напредување на бизнис ниво, но да бидете максимално внимателни со вложувањето на пари. На партнерот предложете му заминување на кратко патување кое врската ќе ја направи поинтересна. Можни се проблеми со црниот дроб, кој веќе подолго време не функционира најдобро.

Лав (23.07 – 22.08)
Во зависност од личното интересирање, одберете ја верзијата за која сметате дека ќе донесе најдобри резултати за вас. Некои работи ги повторувате постојано. Нежноста Ви е неопходна повеќе од било кога, па поради тоа со партнерот ќе бидете на иста брановна должина. Внимавајте на повреда на зглобовите.

Девица (23.08 – 22.09)
Вложувате голема енергија во различни цели и воопшто не дозволувате некој да ве критикува. Наместо да се фокусирате на натпреварувачкиот однос со колегите, прилагодете се и немојте да влегувате во финансиски ризици. Слободните припадници на знакот имаат голема шанса успешно да ја обноват старата врска. Здравјето во прицип ќе Ви биде добро.

Вага (23.09 – 22.10)
Преокупирани сте со размисување за нови бизнис идеи, но и со зголемените секојдневни обврски. Понекогаш морате да превземете соодветен ризик во согласност со новата ситуација. Определете се за јасни цели, кои ќе Ви овозможат подобри професионални резултати. Можни се проблеми со зглобовите.

Шкорпија (23.10 – 21.11)
Снаодливоста при важни бизниси ветува добра заработка. Ве интересира нова понуда, која опфаќа и луѓе со кои некогаш успешно сте соработувале. Лути сте на саканата личност, затоа што не го исполнува тоа што ќе се договорите. Сметате дека е главна кочница во вашиот живот и со право размислувате за некоја нова врска.

Стрелец (22.11 – 21.12)
Постојат ситуации кои не зависат од вашата волја, особено во текот на викендот, кога се можни проблеми во комуникацијата со саканата личност. Нема потреба да трошите енергија во деновите кога треба да ги наполните батериите за нови работни победи. Можни се повреди поради невнимание и брзоплети потези.

Јарец (22.12 – 20.01)
Вие разбирате дека околностите на полето на работа се менуваат брзо, затоа мудро чекајте подобра можност, но и својата шанса. На сентиментален план е „мртво море“. Можни се проблеми со желудникот. Благата мачнина е само последица на се што морате да промените во секојдневниот живот, особено кога станува збор за исхраната.

Водолија (21.01 – 19.02)
Пред почетокот на работната недела дефинирајте ги заедничките интереси и истакнете ги професионалните способности. Се се сведува на добра работна проценка и успешно планирање. Партнерот губи трпение бидејќи се што планирате набрзина завршува лошо поради вашата неинвентивност. Срцето ќе биде подложно на промена на ритамот.

Риби (20.02 – 20.03)
Викендот нуди можност да го резимирате тоа што се случувало во изминатиот период. Врската во која се наоѓате е површна. Чувствувате потреба дека партнерот треба да стори нешто епохално и да ја докаже вистинската љубов. Можни се проблеми со бубрезите. Стоплете се и спречете ја појавата на бактерија во урината. Земајте повеќе течности.