26 јуни, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Google Maps“ ве предупредува: Имате рок до 1-ви декември

„Google Maps“ ве предупредува: Имате рок до 1-ви декември

„Google Maps“ го менува начинот на кој се справува со податоците за вашата локација.

Наместо да прави резервна копија на вашите податоци во облакот, „Google“ наскоро ќе ги складира локално на вашиот уред.

Во е-пошта испратена до корисниците, „Google“ вели дека имате рок до 1-ви декември да ги зачувате сите ваши патувања на вашиот уред пред да почне да ги брише вашите стари податоци.

Временската линија (Timeline), порано позната како Историја на локација, е функција која ги следи вашите маршрути и патувања врз основа на локацијата на вашиот телефон, овозможувајќи ви повторно да ги посетите сите места што сте ги посетиле во минатото.

Но сега, наместо да ги врзува сите овие информации со вашата сметка на „Google“, компанијата ќе ги поврзе со уредите што ги користите.

„Google“ првпат ја објави оваа промена во декември 2023-та година како дел од напорите за зајакнување на приватноста на корисниците, а малку порано почна да брише одредени локации од историјата на посети.

Префрлувањето на нов метод за складирање значи дека повеќе нема да може да пристапите до „Timeline“ од десктоп верзијата на апликацијата или од страницата на „Google Maps“.

Ако дотогаш не ги овозможите новите поставки, „Google“ ќе се обиде да ги премести последните 90 дена од вашата историја на патувања на првиот уред на кој се најавите и сите постари податоци ќе бидат избришани.

Ако сакате да продолжите со користење на „Timeline“, отворете „Google Maps“ на вашиот мобилен телефон, кликнете на сликата на вашиот профил во горниот десен агол на екранот и изберете „Your Timeline“.

Оттаму, изберете дали сакате да ги задржите податоците за вашата локација додека рачно не ги избришете или „Google“ автоматски да ги избрише по 3, 18 или 36 месеци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП