23 јуни, 2024
ПочетнаАВТОБИЗТојота, Мазда, Хонда, Сузуки и Јамаха во неволја поради фалсификувани податоци за...

Тојота, Мазда, Хонда, Сузуки и Јамаха во неволја поради фалсификувани податоци за сертификати

Јапонските производители на автомобили Тојота Мотор и Мазда ги прекинаа испораките на некои модели во понеделникот поради фалсификувани информации во безбедносните сертификати, се вели во известувањето од Министерството за транспорт.

Компаниите доставија неточни или „прилагодени“ податоци за безбедносните тестови, објави јапонското Министерство за транспорт.

Неправилности беа откриени и во извештаите од Хонда, Сузуки и Јамаха Мотор, соопшти Министерството, додавајќи дека на Тојота, Мазда и Јамаха им е наредено да ги прекинат испораките на некои возила и дека планираат проверка во седиштето на Тојота во префектурата Аичи.

Компанијата пријави дека ги прекршила прописите во шест процедури за тестирање во 2014, 2015 и 2020 година. Спорните тестови ги доведоа во прашање сертификатите за Corolla Fielder, Corolla Axio и Yaris Cross и прекинаа верзии на четири Tomodel, вклучително и една продадена под луксузната марка Лексус.

Од „Тојота“ признаваат дека, на пример, измериле штета од судир само на едната страна од капакот на моторот, додавајќи дека сè уште ги проверуваат податоците за потрошувачката на гориво и издувните гасови, напоменувајќи дека извештајот треба да го комплетираат до крајот на јуни.

Тие нагласуваат и дека не се констатирани проблеми со перформансите кои ги прекршуваат прописите и дека сопствениците можат да продолжат да ги користат своите возила без проблеми.

-Како шеф на Toyota Group, би сакал искрено да им се извинам на нашите клиенти, љубители на автомобили и на сите чиј интерес е оштетен, изјави на прес-конференција внукот на јапонскиот автомобилски гигант и негов поранешен извршен директор на Тојота.

Според него, автомобилите не поминале низ правилна процедура за сертификација пред да бидат продадени. Затоа Тојота привремено ги прекина испораките и продажбата на три модели произведени во Јапонија, додаде Тојода.

Минатиот четврток, Mazda ги прекина испораките на спортскиот автомобил Roadster RF и патничкиот автомобил Mazda2, откако откри дека резултатите од тестирањето на софтверот за контрола на моторот биле приспособени, се вели во соопштението.

Откриле и дека при тестирањето на моделите Atenza и Axel, воздушните перничиња се активирале со тајмер наместо со вграден сензор.

Од друга страна, Honda објави дека утврдила неправилности при тестирање на бучава и моќност во период од повеќе од осум години, завршувајќи во октомври 2017 година, на дваесетина модели кои повеќе не се произведуваат.

Јамаха објави дека ја прекина испораката на еден модел на спортски мотор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП