Играта „Star Citizen“, контроверзната MMO симулација на возење во вселената, престрелки и тргување, беше најавена уште во 2012-ра година.
Но, не само што е сè уште во Алфа фаза, туку според најавите, треба да остане таму уште некое време, бидејќи Алфа 4.0 сепак треба да ја видиме во третиот квартал од оваа година.
Ова, сепак, не ја спречува да собира пари – според инвеститорот, „Cloud Imperium Games“, „Star Citizen“ досега има собрано нешто повеќе од 700 милиони долари преку кампањата за групно финансирање и преднарачките!
Како што можеме да видиме, иако сè уште нема датум за издавање, оваа видео игра постигнува мерливи, незанемарливи резултати во финансиска смисла.
Сѐ уште не е познато на што ќе ги потрошат сите овие пари програмерите, но како што забележува порталот „Bug“, прашање е дали играчите ќе можат виртуелно да патуваат низ вселената пред вселенското патување да стане составен дел од секојдневието.