Не, ова не е футуристичко оружје – тоа е, верувале или не, уред за игри.
Ова чудо чини речиси 4.000 евра, а соодветно е наречено „Gatling Battle Station“ – доаѓа во комплет со лажни митралези и четири комплети траки.
Сепак, уредот не може да се вози, туку може само нежно да се турка наоколу, според производителот, компанијата „Cluvens“.
Додатоците слични на пушка се тука само за да го комплетираат визуелното искуство и важно е да се напомене дека тие не се реални.
Оваа гејмерска платформа може да „носи“ до три компјутерски екрани, кои стојат пред играчите на висечки дел што се спушта од потпирачот за грб.
Исто така, овој дел се крева и спушта, за играчите да можат да влезат и да седнат, но и за да можат да ги приспособат екраните за да имаат најдобро можно гејмерско искуство.