Јапонската компанија „Panasoniс“ подготвува масовно отпуштање на работници кои се задолжени за производство на чипови.
Од вкупниот број од 14.000 работници, половина би можеле да бидат прогласени за вишок, а можна е и продажба на некои од фабриките.
Како што пренесува јапонскиот дневник „Nikei“, компанијата ќе го намали производството на чипови, поради тоа што во таа област паѓаат маржите заради големата конкуренција, пред се од јужнокорејските компании.
Овој чекор е реализација на одлуката на директорот на „Panasoniс“, Казухира Цугуа да се ослободи од оние делови на производството кои носат ниска маржа и да се фокусира на производството кое на компанијата ќе и обезбеди повисока маржа. Причината за тоа е да се надмине периодот од работењето со загуба.
„Panasoniс“ произведува чипови во две јапонски провинции, Тојама и Нигата, а исто така и во Кина, Индонезија, Малезија и Сингапур.
Отпуштањата најверојатно ќе ги погоди фабриките надвор од Јапонија. Се очекува трошоците од отпуштањата во тековната работна година која завршува во март, да достигнат до 50 милијарди јени (373 милиони евра).
Во 2012-та година компанијата „Panasoniс“ забележа оперативна загуба од 184 милијарди јени.