15 јуни, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЛекар откри кој чај редовно го пие за да го заштити срцето...

Лекар откри кој чај редовно го пие за да го заштити срцето и да го намали крвниот притисок

Многу луѓе сакаат да пијат чај, а некои го пијат како замена за кафе, бидејќи многу чаеви содржат значително помалку кофеин.

Различни здравствени придобивки се поврзани со пиење одредени видови на чај, а д-р Тим Бон верува дека редовното консумирање црн чај може да помогне во заштитата на срцето и намалување на крвниот притисок.

„Се чини дека уживањето во шолја црн чај има придобивки за срцето и крвниот притисок, благодарение на малку познатото, но моќно соединение наречено теарубигин“, истакнува Бон.

Тој додава дека црниот чај содржи теарубигин, кој е вид на флаван-3-ол во флавоноидната група полифеноли, познат по своите моќни антиоксидантни и антиинфламаторни својства.

„Здравствените придобивки од теарубигинот вклучуваат крвни садови, намалување на воспалението, релаксација на мазните мускули и проширување на артериите“, објаснува тој.

Освен што го штити срцето, соединението теарубигин влијае и на крвниот притисок.

Бон истакнува дека „крвниот притисок е една од клучните области на здравјето на кои може да влијае теарубигинот“.

Тој објаснува дека сварениот црн чај може да содржи 115 mg флаван-3-ол на 100 грама.

„Во црниот чај теарубинините сочинуваат дури 70 проценти од флаван-3-ол, односно 81,3 проценти на 100 грама“, вели докторот и заклучува дека црниот чај треба да се пие што почесто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП