2 јуни, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАВештачка интелигенција – „цунами“ што ќе ја погоди работната сила

Вештачка интелигенција – „цунами“ што ќе ја погоди работната сила

Шефицата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, изјави дека околу 40 отсто од работните места во светот ќе бидат погодени од вештачката интелигенција.

Неодамна во Цирих, Георгиева го опиша влијанието на вештачката интелигенција како „цунами“ што ќе ја погоди работната сила.

Таа процени дека вештачката интелигенција веројатно ќе влијае на 60 отсто од работните места во развиените економии и 40 отсто од работните места на глобално ниво. Во исто време, таа предупреди дека има малку време луѓето да се подготват за тоа.

Основачот и извршен директор на AI 2030 Next Сјаочен Жанг рече дека појавата на колаборативна интелигенција помеѓу луѓето и машините создава нова парадигма во која луѓето всушност не се единствениот примарен извор на моќ на работното место.

66 отсто од работодавците не би вработиле кандидати кои не користат вештачка интелигенција
Според Жанг, во моментов на пазарот на трудот, луѓето сè уште играат фундаментална улога, а машините допрва треба да ги заменат, а фокусот сега е повеќе на соработката човек-машина.

Иако присуството на вештачка интелигенција на работното место не е нова појава, истражувањата го потврдуваат нејзиното потенцијално влијание на пазарот на трудот, особено во фазата на регрутирање.

Заедничкиот извештај на Linkedin и Microsoft покажува дека 66 отсто од работодавците не би размислувале да вработат кандидат кој не знае да користи алатки за вештачка интелигенција.

Луѓето ги преземаат работите во свои раце со тоа што учат да користат алатки засновани на вештачка интелигенција и ги вградуваат во нивните професионални задачи, при што 75 отсто од работниците признале дека користеле вештачка интелигенција на работното место, се додава во извештајот.

Иако призна дека не знае многу за вештачката интелигенција, познатиот инвеститор и милијардер Ворен Бафет неодамна не можеше да ги избегне прашањата за револуционерната технолошка промена.

Одговарајќи на неколку прашања во врска со вештачката интелигенција, Бафет рече дека технологијата е како џин во шише, бидејќи штом ќе го пуштите, може да има непријатни ефекти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП