4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПаднаа приходите на РЅА

Паднаа приходите на РЅА

F

Приходите на францускиот производител на автомобили „PSA“ во третиот квартал продолжија со падот.

Слабеењето на пазарот на автомобили во Европа и прекинувањето на производството поради штрајковите на работниците, имаа влијание во нивното работење.

Групацијата во соопштение истакна дека вкупните приходи во трите месеци заклучно со септември се намалени за 3.7 проценти или на 12.1 милијарди евра, додека приходите во автомобилскиот сектор забележале уште поголем пад или за 5.8 проценти на осум милијарди евра.

Компанијата за лошите резултати ги обвинува слабостите на европскиот пазар, како и прекинувањето на производството на моделот „С3“ во фабриката во близина на Париз, чие затворање е во план. Овој потег е во рамките на програмата за гасење на фабриката и укинувањето на 8.000 работни места.

Приходите на Пежо-Цитроен паднаа за седум проценти или на 26.7 милијарди евра во првите девет месеци од оваа година. Компанијата во првата половина од годината загуби скоро половина милијарда евра и мораше да побара помош вредна 572 милијарди евра од француската влада, како и да започне со продажба на имотот за да може да ја финансира програмата за реструктуирање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП