23 јуни, 2024
ПочетнаКУЛТУРАСкитер и Смоук Панда во соработка со Тони Зен ја издадоа „Ол-Стар“...

Скитер и Смоук Панда во соработка со Тони Зен ја издадоа „Ол-Стар“ – нова хит песна, како водечки сингл од новото ЕП бр.1 насловено како „Чудна“

Можеби не се толку популарни колку што се и талентирани, но младите хип-хоп артисти Скитер и Смоук Панда дефинитивно повторно имаат и те како што да понудат на публиката.

Станува збор за доста интересен проект со голем потенцијал спакуван во нов, тазе видео запис. Темата е доста привлечна и атрактивна, бидејќи се работи за нешто што денеска е веќе станато секојдневие кога се работи за бркањето на кариера. Нешто што пред се помладите девојки свесно или несвесно се одлучуваат да го направат, неразмислувајќи за трајните последици што таа кариера ги носи со себе…

После низа на неколку успешни заеднички проекти на Тони Зен и Смоук Панда, овој пат легендарниот Тони гостува на оваа солидна нумера која дава еден посебен шмек и е тотално освежување на музичката естрада подобна за сите генерации. Текстописци се самите изведувачи на песната, односно Петар Панчевски, Иван Костадинов и Тони Зен, а пост-продукцијата (аранжманот) на музиката и монтажата на самиот видео запис се исто така на Иван Костадинов (Смоук Панда). Улогата на издавач и извршната продукција е на Медиатор Ентертејнмент (Mediator Ent.)

„Сакаме да изразиме едно огромно благодарам за сите чинители што помогнаа целокупно да се реализира All-Star. Голема почит пред се за Александар Жуличек (AceFromTheSpace) кој е исто така бит-мејкерот на овој извонреден инструментал, како и Јордан и Филип позади камерите без кои ова немаше да биде така добро склопено. Бидете во тек најпрво за ЕП-то бр.1, насловено како „Чудна“, кое излегува многу скоро на 13 Мај, но исто така и за настаните и проектите кои следат…Ова е нешто што уживаме да го работиме за да оставиме траен печат, да испратиме порака и нема тука да застанеме, а публиката е таа што на крајот препознава што, зошто и колку вреди.“ – заеднички и едногласно изјавија Скитер, Смоук Панда и Тони Зен.

Во прилог можете ексклузивно да ја чуете „Ол-Стар“ на Јутуб, во секое време треба да биде достапна и на сите музички платформи…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП