1 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАКина: Зелено светло за масовно производство на беспилотни летала за превоз на...

Кина: Зелено светло за масовно производство на беспилотни летала за превоз на патници

Управата за цивилно воздухопловство на Кина даде зелено светло за масовно производство на електрични дронови со вертикално полетување и слетување за превоз на патници.

На домашната компанија Ehang и го издаде првиот сертификат во светот за производство на ваков тип авиони, што претставува важен чекор на патот кон нивно масовно производство.

Дронот EH216-S, висок 1,93 метри и широк 5,73 метри, може да превезува двајца патници со брзина од 130 километри на час и со максимален домет од 30 километри. Може да се користи во превоз на патници, за патување, во логистика, но и за итни мерки.

Според Ројтерс, Ehang, глобален лидер во развојот на технолошки платформи за урбана воздушна мобилност, веќе доби сертификат за безбедност од Управата за цивилно воздухопловство на Кина минатиот октомври за своите патнички дронови, што е прв чекор кон начините за нивна поширока комерцијална употреба.

Boeing, Airbus, United Airlines, Toyota и Stellantis се меѓу компаниите кои веќе инвестираат во новиот сектор на електрични патнички авиони со вертикално полетување и слетување, наведува Ројтерс.

Овде, еден од најтешките предизвици за секторот е исполнувањето на строгите безбедносни барања, главно поради работата во густо населените урбани области, како и барањата за бучава и загадување на воздухот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП