3 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПВикенд хороскоп 06-07.04.2024

Викенд хороскоп 06-07.04.2024

Овен (21.03 – 20.04)

Ќе бидете во бунило, бидејќи толку многу работи ќе се променат, а на вас буквално ниту една нема да ви се допадне. Ќе чувствате вознемиреност и гнев. Ова не е поволен викенд за вас, ниту пак е поволен за некои големи одлуки. Не посегнувајте по седативи.

Бик (21.04 – 21.05)

Не ви се препорачува зоната на деловен ризик кога не ги познавате околностите толку добро. Внимателно анализирајте го однесувањето на партнерот. Прочитајте нешто меѓу редови, така многу работи ќе ви станат појасни.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Вие сте во конфликтна ситуација самите со себе. На момент се ви изгледа во ред, а веќе во следниот момент чувствувате незадоволство. Имате чувство дека односот со партнерот не е како порано. Побарајте совет од блиските пријатели.

Рак (22.06 – 22.07)

Внимавајте на кого му се доверувате. Не се сите толку добронамерни колку што се претставуваат. Ви се чини дека никогаш не сте биле во подобри односи со партнерот. Изгледа дека оваа хармонија ќе потрае малку подолго.

Лав (23.07 – 22.08)

Понекогаш е тешко да остварите добар деловен компромис. Потпрете се на својата интиуција. Иако викендот не е за бизнис, овој ќе ви биде токму таков. Се повеќе го забележувате незадоволството на партнерот, направете нешто за да го усреќите.

Девица (23.08 – 22.09)

Не дозволувајте си да ги преземате обврските од оние кои се извлекуваат, работете ја само својата работа. Партнерот има големо разбирање за вас и вашата сосотојба, па редно време е и вие да му возвратите со разбирање.

Вага (23.09 – 22.10)

Нема потреба да ги преувеличувате своите знаења или практичните способности пред лицата кои имаат поголемо работно искуство од вас. Во вас постои страв од влошување на односите со партнерот.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Доволно сте способни да ги надминете просечните мерила и ефикасно да ги остварите своите цели. Секогаш постои добар начин да се израдувате или да го усреќите саканото лице, а тоа во овој момент баш би ви дошло добро. Постапете онака како што чувствате.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Препуштете му се на мечтаењето. Идеите тогаш ќе ви дојдат сами. Добро запаметете ги за идните потфати. Повеќе сте расположени да бидете во друштво на пријателите отколку на партнерот, а тоа ќе го налути вашиот партнер.

Јарец (22.12 – 20.01)

Претерувате со желбата да оставите добар впечаток на соработниците. Вашето однесување укажува на претерано истакнување на способностите. На партнерот делувате многу провокативно, но не го постигнувате посакуваниот ефект.

Водолија (21.01 – 19.02)

Колку и да се обидувате едноставно не ви оди се од рака, не ни треба да очекувате дека се ќе ви оди како подмачкано. На љубовен план се прашувате дали ситуацијата е навистина така лоша како што на вас ви изгледа. Партнерот е таинствен.

Риби (20.02 – 20.03)

Викендот ќе ви помине лежарно. Се чувствувате одлично и сакате среќата да ја поделите со другите. Убаво е што имате партнер кој ви помага во се. Возвратете му ја љубовта на соодветен начин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП