1 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАФормирана нова писателска асоцијација – Македонски центар за литература

Формирана нова писателска асоцијација – Македонски центар за литература

По бројните турбуленции изминатиов период во Друштвото на писателите на Македонија, поголема група писатели и издавачи одлучи да основа нова асоцијација на македонските писатели – Македонски центар за литература.

Основачи на Македонскиот центар за литература се: издавачите Ненад Стевовиќ и Светлана Кочовска – Стевовиќ, како и преведувачите и автори Владимир Јанковски, Иван Шопов и Николина Андова – Шопова.

Претседател на асоцијацијата е Владимир Јанковски.

Дејноста на асоцијацијата е врз база на слободно пристапување и зачленување, а од неа се дел видни писателски имиња од македонската литература.

Повеќе информации за Македонскиот центар за литература ќе бидат достапни на официјалната е-адреса: http://literarycentre.mk/.

Активни се и страницата на Facebook, како и YouTube каналот на асоцијацијата каде преку куси видеа ќе бидат објаснети некои од основните аспекти на литературата и нејзината рецепција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП