2 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 01.04.2024

Дневен хороскоп 01.04.2024

Овен (21.03 – 20.04)

Малку наивно комуницирате со околината. Сепак сметате на помош од едно лице од деловната околина кое ќе ви помогне да ја поправите финансиската ситуација. Емотивно лошо се чувствувате. Здравствената ситуација ви е значително подобрена.

Бик (21.04 – 21.05)

Ве исполнува фактот дека ја работите работата во која уживате и тоа од дома. Одлучете се за еден партнер. Намалете со јадењето на многу калорични намирници.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Ве очекува голема помош од лице кое не ви е блиско. Големи се можностите за напредување, што на вас ви е многу важно. Задоволни сте со односот со партнерот. Ве оптеретува заморот.

Рак (22.06 – 22.07)

Успехот на работа не ви е загарантиран поради ситуацијава. Партнерот очекува во нешто да го поддржите. Поведете сметка за начинот на исхрана, можна е појава на гојазност.

Лав (23.07 – 22.08)

Не е момент да започнете нова работа. Парите ќе ги заработувате со тимска работа и преку партнерски односи. Можна е емотивна врска со лицето во вашето деловно опкружување, кое извесно време ви се додворува. Добро се чувствувате.

Девица (23.08 – 22.09)

Успешно ќе ги извршувате работите, иако под тешки околности. Немојте да бидете премногу скептични и рамнодушни кон новите деловни понуди. Сметајте на наклонетост на партнерот, а тоа многу ќе ви одговара. Здравствената ситуација е оптеретена со болки во вратниот дел од грбот.

Вага (23.09 – 22.10)

Делувате малку мрзеливо, што може да ви предизвика проблеми. Заработката не ви е на завидно ниво, но тоа ќе се промени откако ќе се среди моменталната ситуација. Избегнувајте судири во односот со партнерот. Посебно ви се осетливи белите дробови.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Нема да  успеете да ја поправите финансиската ситуација. Кога станува збор за љубовта, можете да очекувате пријатно изненадување од партнерот. Чувајте се од настинки.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Посоветувајте се со лице кое ви е блиско. Со партнерот конечно ќе успеете да воспоставите мир и хармонија. Премногу сакате, потребно е трпение. Одлична здравстена ситуација, добро се чувствувате.

Јарец (22.12 – 20.01)

Малку сте мрзливи и безволни, поради што ќе се чувствувате многу лошо. Чувајте се од можни сплетки и местенки. Ве очекува поддршка од блиско лице со кое може да дојдете до меѓусебни симпатии. Можна е главоболка.

Водолија (21.01 – 19.02)

Најголемата поддршка на работа ви ја даваат претпоставените. Стабилизирање на ситуацијата на материјален план ќе потрае. Можни се ненадејни и неочекувани судири со партнерот предизвикани од љубомора. Ги занемарувате здравствените проблеми.

Риби (20.02 – 20.03)

Ве очекуваат позитивни вести од претпоставениот. Можно е напредување. Со партнерот се можни сериозни проблеми и раскинување на љубовната врска. Ви се препорачува да побарате помош од вашиот доктор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП