3 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАПознато е кога ќе пристигнат новите „iPad Air“ и „iPad Pro“

Познато е кога ќе пристигнат новите „iPad Air“ и „iPad Pro“

Според последните информации, „Apple“ во мај ќе ги претстави новите модели на својот таблет компјутер и тоа „iPad Air“ и „iPad Pro“.

Новиот „iPad Pro“ ќе има OLED екран, додека „iPad Air“ ќе пристигне како серија за прв пат во историјата, а не како единствен уред, па клиентите ќе можат да избираат помеѓу две големини.

Поминаа година и пол откако на пазарот се појавија претходните модели на „iPad Pro“, што значи дека ова е најдолгиот период во историјата на таблетите на „Apple“ без нов модел. Сепак, чекањето дефинитивно ќе вреди бидејќи OLED екраните ги прават неверојатно тенки.

Производството е зголемено пред лансирањето на уредот, а компанијата се надева дека новите модели ќе ја зголемат продажбата на таблет компјутери, која опадна во двете претходни фискални години. Дополнителен пад од 25% е забележан и во изминатата празнична сезона, додека iPad-ите беа многу популарни подароци во минатото.

Новите модели на „iPad Pro“ ќе се напојуваат со процесорот „M3“, а ќе имаат редизајнирани верзии на „Magic Keyboard“ како и „Apple Pencil“. Новото пенкало може да добие и поддршка за „Vision Pro“.

„Apple iPad Air“ ќе добие и нов процесор и модел од 12,9 инчи, што ќе им овозможи на луѓето да купат поголем „iPad“ без да трошат повеќе пари за „Pro“.

Првичниот план беше „Apple“ да ги претстави таблетите до крајот на март, но имаше одложување поради работа на нивниот софтвер. OLED екраните исто така би можеле да бидат една од причините, бидејќи тие бараат сложени нови техники на производство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП