25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОХонда му помага на Мекларен да го земе Алонсо

Хонда му помага на Мекларен да го земе Алонсо

alonso najnova

Мекларен ќе направи одби да го врати Фернандо Алонсо од Ферари со помош на автомобилскиот производител Хонда. Јапонците најавија официјално враќањето во Формула 1 за сезоната 2015-та, кога ќе започнат со испорачување на мотори за тимот на Мекларен. Според медиумите во Велика Британија, од Хонда се подоговени да му помогнат на британскиот партнер во привлекувањето на Фернандо Алонсо во тимот, а тоа ќе го сторат така што ќе обезбедат половина од неговата плата.

Шпанецот е најскапо платениот пилот во Формула 1, но тоа не е проблем за Хонда, кои сакаат да се осигураат дека нивното враќање ќе биде успешно. Фернандо добива рекордна плата од 28 милиони долари плус два милиони од реклами од сегашниот тим Ферари. За споредба, Себастијан Фетел, кој се очекува да дојде до четврта последователна светска титула, од Ред Бул добива значително помала плата – 17 милиони долари.

Во плановите на идниот тандем Мекларен / Хонда сигурно не влегуваат и двајцата сегашни пилоти на тимот – Џенсон Батон и Серхио Перез. Британецот е светски шампион, но во својот досегашен престојот не ги оправда очекувањата, а Мексиканецот ги нема потребните квалитети.

Местото на Перес ќе го заземе Кевин Магнус, кој дебитираше во болидот на тимот за време на тестовите за млади пилоти во средината на јули.

Шефот на славниот британски тим, Мартин Витмарш, изјави дека бара стартното место во некој од помалите тимови за Магнус во 2014-та година. Неговото име се поврзува со тимот на Марусија, а целта е тој да дојде до потребното искуство и да е подготвен да се вклучи во Мекларен во 2015-та година и да му помага на Алонсо на неговиот пат кон светската титула.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП