6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИEDF ќе прави АЕЦ во Велика Британија

EDF ќе прави АЕЦ во Велика Британија

EDF

Францускиот енергетски гигант „Electricite de France“ (EDF) со помош на кинеските партнери ќе гради два нови нуклеарни реактори во британскиот источен град Сомерсет.

„EDF“ и британската влада потпишаа договор за изградба на двата блока за крајна цена од 16 милијарди фунти или 25.9 милијарди долари, соопштија од компанијата.

Првите нови реактори во Обединетото кралство ќе се изградат по дизајнот на француската „Арева“ со помош на кинески компании и претставуваат будење на глобалната нуклеарна индустрија по катастрофата во јапонската нуклеарна централа Фукушима во март 2011-та година. Исто така „EDF“ подготвува понуда и за изградбата на уште два реактора во Сафолк, источна Англија.

Според договорот „EDF“ ќе се одржи од 45 до 50 проценти во конзорциумот, кој ќе изгради двата реактора во технологијата „EPR“ на „Арева“. Самата „Арева“ ќе поседува 10 проценти од проектот , а „China General Nuclear Corporation – CGN“, која е долгогодишен партнер на „EDF“, и „China National Nuclear Corporation – CNNC“ ќе имаат комбиниран удел од 30 до 40 проценти во мешаната компанија.

Двата реактори, секој со моќност 1.6 гигавати, заедно ќе покриваат речиси 5 проценти од британскиот производствен капацитет и ќе ја зголемат енергетската безбедност во земјата, а со нив треба да се заменат 20 проценти од старите и загадувачки електроцентрали во следната деценија.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП