27 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 28.03.2024

Дневен хороскоп 28.03.2024

Овен (21.03 – 20.04)

Подготвени сте да започнете некоја нова работа која одамна ви е предизвик. Во љубовта ве очекува некоја промена на подобро, потрудете се и вие да дадете се од себе.

Бик (21.04 – 21.05)

Викендов нема да ви биде претерано поволен бидејки ќе морате да го преседите дома. Оние кои се слободни ќе имаат одлична прилика преку социјалните мрежи да запознаат совршено лице.

Близнаци (22.05 – 22.06)

На работното место нема да ви се остварат баш сите желби, но не се разочарувајте. Во љубовта пред вас е нова етапа која на слободните ќе им донесе нов партнер, а на оние во врска или брак можност за следен посмел чекор.

Рак (22.06 – 22.07)

Ве очекуваат многу позитивни и добри случувања во деловното опкружување. Можете да се надевате на убави вести. Уживате во позитивниот однос со саканото лице. Покрај тоа што сте љубовници, имате и искрен пријателски однос.

Лав (23.07 – 22.08)

Ќе ве фати нервоза, бидејќи не гледате напредок на деловниот план. Од партнерот ќе добиете големо внимание па така лесно ќе го пребродите кризниот период.

Девица (23.08 – 22.09)

Можно е некои работи да не се онака како што посакувате, но тоа не е причина за очајување. Потребно е да поработите на себе за да дојдете до емотивна среќа.

Вага (23.09 – 22.10)

Во контактот со околината можете да имате мали недоразбирања. Сепак, не би требало да постојат некои критични случувања. Ќе ви се случи некое ново познанство на социјалните мрежи.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Денот не е поволен за финансиски трансакции, ниту за ризици на ова поле. Останете дома. Случувањата од минатото ќе ве убедат да бидете подобар човек.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Ви доаѓа прилика за успех на деловен план. Потрудете се да им се посветите на обврските. Време е за искрен разговор со вашиот партнер.

Јарец (22.12 – 20.01)

Ве очекуваат некои деловни понуди. Можете да се надевате на поволна прилика да остварите заработка. Комуникацијата е клуч за решавање на моменталните љубовни проблеми кои ве мачат.

Водолија (21.01 – 19.02)

Можно е дека ќе успеете да дојдете до пресврт на љубовен план. Горди сте на се што сте постигнале. Подготвени сте за нови случувања.

Риби (20.02 – 20.03)

Подготвени сте за нови деловни потфати, но периодов не го дозволува тоа. Се чувствувате гордо и имате голема самодоверба. Некоја нова љубовна понуда многу ќе ви се допадне.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП