1 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАШто се случува кога ќе кликнете на „Јас не сум робот“? Одговорот...

Што се случува кога ќе кликнете на „Јас не сум робот“? Одговорот би загрижил многумина

Досега веројатно сте кликнале на копчето со кое потврдувате дека не сте робот и не сте размислувале многу за тоа што се случува во меѓувреме додека ви е одобрен пристап до некоја страница.

Оваа безбедносна мерка се нарекува „CAPTHA“ (Completely Automated Public Turing test to tell Computers and Humans Apart), а кога ќе кажете дека „не сте робот“ тоа не е само едноставно кликнување.

Кога ќе ја проверите оваа опција, страницата што сакате да ја посетите добива пристап до вашата интернет историја за да одлучи дали сте вистинска личност или не.

Ако, на пример, сте гледале „YouTube“ или сте твитнале нешто пред да кликнете на копчето „Јас не сум робот“, тоа значи дека сте вистинска личност.

Во основа, тоа е начинот на кој „Google“ проверува дали сте вештачка интелигенција или не – ќе признаеме дека е малку „морничав“, особено кога знаеме дека можат да го следат и анализираат дури и начинот на кој ја движите стрелката преку екранот.

Ако добиете друга задача (да кликнете на хидранти, мотори или нешто друго), тоа значи дека машината сè уште не е сигурна дали сте вистинска личност или не.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП