30 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПВикенд хороскоп 16-17.03.2024

Викенд хороскоп 16-17.03.2024

Овен (21.03 – 20.04)

Се чувствувате осамено, несигурно и здодевно. Пробајте да ги игнорирате сите тие чувства и мислете позитивно. На вашите пријатели можеби им е здодевно како што ви е на вас, па затоа побарајте ги и поминете прекрасен викенд заедно.

Бик (21.04 – 21.05)

Занимавајте се со вашите службени обврски бидејќи овој викенд во тоа ќе ви помогнат вашата енергија и стабилност. Не ја исклучувајте можноста некои од вашите проблеми да ви попречат на патот, заобиколете ги ако сеуште не сте нашле решение за нив.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Можно е да преживеете некое разочарување. Наместо да се нервирате, обидете се да ја поврзете последицата со причината за оваа ситуација. Доколку реално размислите, самите сте виновни за некои случувања кои ви создаваат проблеми.

Рак (22.06 – 22.07)

Не се чудете ако се почувствувате сами и неразбрани. Вие сте премногу активни и премногу гледате на далеку, а тоа ви создава дисхармонија околу начинот на кој луѓето функционираат околу вас. Намалете со темпото, нема да зажалите.

Лав (23.07 – 22.08)

Партнерот во целост ве поддржува. Ќе успеете да ги остварите своите идеи и на деловно и на приватно поле. Можна е добивка која многу добро ќе ви дојде во овој период. Внимателно, бидејќи можни се проблеми со срцето.

Девица (23.08 – 22.09)

Прифатете ги мааните на партнерот или прекинете ја врската. Деловните околности се менуваат на подобро. Немојте да се разочарувате и при најмалата пречка на патот. Немате проблеми со здравјето.

Вага (23.09 – 22.10)

Семејните обврски не ги одложувајте доколку не морате, бидејќи некој може погрешно да ве сфати. Имајте пријателски пистап кон другите луѓе, не ги оценувајте сите нивни постапки. Здравјето ви е променливо.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Не бидете преголеми ентузијасти во врска со новите познанства. Не е пожелно да споделувате детали од вашиот личен живот, ниту пак вашите идни планови. Бидете претпазливи пред кого зборувате.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Вашата меморија нема да ви биде од голема корист, па затоа може да се чувствувате расеано. Можеби ќе заборавите каде сте ставиле некој предмет или пак која обврска требало да ја извршите, но ништо страшно. Обидете се да најдете начин за психичка релаксација.

Јарец (22.12 – 20.01)

Партнерот има големи дилеми во врска со вашиот однос. Неочекуваните пресврти на полето на кариерата ќе ве изместат од рамнотежа. Подобро е повеќе време да одморате. Не се сите обврски на светот ваши.

Водолија (21.01 – 19.02)

Распределете си го времето и не се расејувајте премногу во утринските часови. Синхронизирајте го вашето време со сообракајот бидејки не смеете да си дозволите да задоцните на важниот деловен состанок. Можно е прекинување на некое старо пријателство, што многу ќе ве натажи.

Риби (20.02 – 20.03)

Правите се за да ја надминете емотивната криза. Со малку труд, денеска ќе можете да ги надминете сите проблеми. Тотално сте биле нефер кон некое лице кое ве поддржувало, најдете начин да се извините. Можна е настинка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП