28 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПВикенд хороскоп 09-10.03.2024

Викенд хороскоп 09-10.03.2024

Овен (21.03 – 20.04)

Ќе бидете многу ранливи. Но, не грижете се. Вашите блиски се секогаш заштитнички настроени кон вас, па нема да дозволат ништо да ве повреди. Викендов внимавајте вашите одлуки да не бидат донесени само врз основа на емоциите.

Бик (21.04 – 21.05)

Имате добро претчувство и сакате да ги остварите своите потреби. Ве очекува добивка и можност за успешно креирање или практично приспособување на работните планови. Викендов релаксирајте се со прошетка.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Проблемите ќе ве пронаоѓаат каде и да се сокривате. Обидете се да прелетате низ викендот фокусирајќи се на вашите обврски, без да им дозволите на другите да ве одведат на погрешен пат.

Рак (22.06 – 22.07)

Виталноста и волјата за работа ќе ви бидат со променлив карактер. Иако се чувствувате полни со енергија, не ќе можете да најдете начин таа енергија практично да ја искористите. Со партнерот ви претстои кавга.

Лав (23.07 – 22.08)

Наскоро ве очекува некоја заслужена награда или материјална добивка, како потврда за вашите професионални способности и влијанија. Бидете претпазливи во вложување пари и имот.

Девица (23.08 – 22.09)

Вашата подготвеност да ризикувате ги зголемува вашите опции, но тоа не значи дека секоја од алтернативите е правилен избор. Внимателно анализирајте ги сите детали пред да направите голем чекор напред. Бранете ги вашите ставови, но не по секоја цена.

Вага (23.09 – 22.10)

Партнерот е заслужен за тоа што се чувствувате добро. Доколку сте осамени, потрудете се и во тоа да уживате. Многу од припадниците на овој знак ќе бидат изложени на погледи од јавноста.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Не навлегувајте во непотребни расправии бидејќи е истакнато астролошкото поле на јавноста и тајните непријатели. Многумина мислат дека се инаетите, но вие сте само принципиелни. Викендов уживајте во друштво на партнерот.

Стрелец (22.11 – 21.12)

На некого сте му многу драги, тоа може да е една Вага која ќе ви предложи заедничка работа. Ве нервираат оние кои се сомневаат во вашиот успех, не губете непотребно енергија на нив.

Јарец (22.12 – 20.01)

Не сакате да зборувате за вашиот фамилијарен живот со никого, иако многу работи ве мачат. Викендов не е време за расправии, главата горе и уживајте.

Водолија (21.01 – 19.02)

Викендов ќе забележите колку луѓе сакаат да бидат пријатели со вас. Тоа ќе биде така поради вашата способност за слушање кога некој зборува. Отворени сте кон туѓите идеи и ќе ги поддржите.

Риби (20.02 – 20.03)

Најверојатно ќе бидете позагрижени за туѓите проблеми отколку за своите, но време е да научите да се ставате себеси на прво место. Викендов за да се спасите од негативните емоции, избегнувајте луѓе кои немаат влакна на јазикот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП