21 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПОТОЧИЊА 2024 на 13 и 14 април во Филхармонија

ПОТОЧИЊА 2024 на 13 и 14 април во Филхармонија

На 13 и 14 април во Македонска Филхармонија ПОТОЧИЊА по 21. пат ќе потечат и ќе донесат многу радост и насмевки на детските лица. Се најавуваат нови детски хитови и голема забава, а со игра и песна низ фестивалската приказна децата ќе ги води актерот Мартин Јорданоски во маската на популарниот водител Поки.

Билетите се во продажба преку продажната мрежа на МК Тикетс и онлајн на следниот линк – https://mktickets.mk/event/potocinja2024/ по промотивна цена од 350 денари до 31.03.2024. Цената на билетите од 01.04.2024 ќе изнесува 450 денари. Фестивалските претстави се со почеток од 11:00, 13:00 и 19:00 часот во двата дена.

Минатата година Поточиња со прекрасно издание го прославија својот 20-ти јубилеен роденден, а годинава се очекува забавата да продолжи на радост на сите деца.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП