2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРоби Вилијамс ја затвори модната куќа Farrell

Роби Вилијамс ја затвори модната куќа Farrell

farrell

Модната линија на Роби Вилијамс објави банкрот. Во понеделникот познатиот пејач поднел документи за банкрот на машката линија „Farrell“, која ја создаде во септември 2011-та година.

„Поддршката од машките магазини и продавници во светот, откако започнавме, беше неверојатна и сакам да им се заблагодарам. Имав среќа да работам со талентираниот Бен Дикенс и ќе ми недостига креативноста и работата со него. Му посакувам му многу среќа во иднина“, изјави Роби.

Продавницата на пејачот во Ковент Гарден во Лондон, беше затворена во понеделникот и сите вработени беа веднаш отпуштени. Исто така затворена е и интернет страната на брендот. Продавницата работеше само шест недели по отворањето во август.

Роби го ангажираше поранешниот директор на дизајнот на „Burberry“,  Бен Дикенс да ги набљудува колекциите што се продаваа во продавниците на „Selfridges“ и „House of Fraser“.

Брендот се базираше на „исклучителен интегритет, чесност, добри манири и смисла за хумор“. 38- годишниот пејач ја крсти модната марка по неговиот дедо Џек Фарел , кој бил познат по беспрекорниот стил во родниот град Стоук-он-Трент.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП