2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„VW“ размислува да го врати „Scirocco“ од пензија

„VW“ размислува да го врати „Scirocco“ од пензија

Германскиот производител би можел да оживее еден од популарните модели кои беа сакани и во овој регион.

Како што објави весникот „Autocar“, повикувајќи се на „високо рангирани“ инсајдери во „VW“, новиот „Scirocco“ би бил забавен, но пред сѐ практичен електричен автомобил.

Оваа хечбек легенда почна да се произведува во 1970-тите, а во новата верзија може да се базира на платформата „PPE“, која беше развиена за електрифицираните модели на „Porsche Boxster“ и „Cayman“, како и за електричниот „Audi TT“.

„Scirocco“ стана миленик на многумина благодарение на дизајнот за кој е одговорен Џорџето Џуџаро, како и благодарение на моделот „GTI“ од 1978-ма година. По три генерации, од кои последната беше базирана на платформата „Golf“, престанаа да ја прават.

Иако можноста „Scirocco“ да се врати сѐ уште е во фаза на шпекулации, се претпоставува дека би наликувала на претходната верзија. Сè уште не е објавен официјален концепт на „Scirocco“, но се чини дека овој тип на информации е токму она што му треба на „VW“ за да привлече нови купувачи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП