6 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАMicrosoft откри каде во Европа ќе инвестира милијарди: Фокусот очекуван - вештачка...

Microsoft откри каде во Европа ќе инвестира милијарди: Фокусот очекуван – вештачка интелигенција

Американскиот софтверски гигант Microsoft ќе ја прошири својата вештачка интелигенција (AI) и облак инфраструктура во Шпанија преку инвестиција од 2,1 милијарди долари во следните две години, изјави потпретседателот на компанијата Бред Смит во објава на социјалната мрежа X.

Овој потег следи по нејзината најава за инвестиција од 3,2 милијарди евра (3,45 милијарди долари) во Германија фокусирана на вештачка интелигенција во следните две години.

Инвестицијата, која ќе се реализира помеѓу 2024 и 2025 година, беше откриена откако премиерот Педро Санчез и претседателот на корпорацијата Microsoft Бред Смит одржаа состанок. Оваа објава означува четирикратно зголемување на готовинскиот тек на компанијата кон пиринејската земја.

„Нашата инвестиција оди подалеку од само изградба на центри за податоци, тоа е доказ за нашата 37-годишна посветеност на Шпанија, нејзината безбедност, развој и дигиталната трансформација на нејзината влада, бизниси и луѓе“, рече Смит.

„Сакам да му се заблагодарам на вашиот претседател, Бред Смит, за неговата доверба во шпанската економија и во нашиот патоказ за инклузивна и сигурна дигитална трансформација. Дополнително, разговаравме за можностите за соработка за зајакнување на сајбер безбедноста и промовирање на вештачката интелигенција во јавната администрација“, објави Санчез на мрежата Х.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП